Македонската женска фудбалска А-репрезентација ги започнува своите подготовки во Охрид, со фокус насочен кон претстојните квалификациски предизвици. Овој собир означува почеток на клучната фаза во која нашите девојки ќе бркаат нови бодови и позитивни резултати на меѓународната сцена. Со максимална мотивација и подготвеност, националниот тим се мобилизира за дуелите кои претстојат во рамките на квалификациите за Светското првенство.
За претстојните пресметки против селекциите на Андора и Азербејџан, селекторот Александар Андов смета на следниот состав:
ГОЛМАНКИ
Евгенија Вељановска (ЖФК Скопје)
Викторија Панчурува (ЖФК Тиверија-Брера)
ОДБРАНА
Слаѓана Ѓоргиева (ЖФК Тиверија-Брера)
Данче Карпузовска (ЖФК Тиверија-Брера)
Павлинка Николовска (ЖФК Тиверија-Брера)
Канита Емини (ЖФК Истатов)
Настасија Накова (ЖФК Љуботен)
Катерина Петкова (ЖФК Спартак Суботица)
Ана Марија Цветковска (WFC Langhus)
Лора Сулејмани (RC Saint Denis – Франција)
СРЕДЕН РЕД
Теона Галабовска (ЖФК Тиверија-Брера)
Калина Попески (ЖФК Црвена Звезда)
Ева Величковска (ЖФК Љуботен)
Мелани Цветковиќ (ЖФК Цирих)
Михаела Додевска (ЖФК Скопје 2014)
Андреа Коловска (ЖФК Истастов)
НАПАД
Јована Павловска (ЖФК Ас Јунајтед)
Меланија Грозданова (ЖФК Љуботен)
Илза Максути (ЖФК Љуботен)
Распоред на натпреварите:
Андора – Македонија
5. јуни | 19:30 часот | Ла Вела
Македонија – Азербејџан
9. јуни | 19:00 часот | Битола

