Политичките тензии меѓу Вашингтон и Техеран се префрлија и на спортски план откако Белата куќа во последен момент, на само десет дена пред првиот натпревар, одобри американски визи за фудбалската репрезентација на Иран. Долгото исчекување на визите предизвика сериозна нервоза и дипломатски свирежи, особено по изјавата на иранскиот амбасадор во Мексико дека неговите сонародници сè уште немаат дозвола за влез, по што американските власти експресно реагираа во текот на ноќта за да спречат огромен скандал пред стартот на Светското првенство.
Поради визниот хаос и анти-американското расположение во татковината, Иранците веќе го променија својот првичен тренинг камп во Аризона и се преселија во мексиканскиот град Тихуана за да го сведат престојот на американско тло на минимум. Овој Мундијал ќе влезе во историјата како прв на кој една земја домаќин на своја територија ќе пречека репрезентација со чија држава е во отворен воен конфликт, што донесе и дополнителни безбедносни филтри, па државниот секретар Марко Рубио јасно порача дека во делегацијата нема да биде дозволен влез на лица поврзани со Исламската револуционерна гарда.

