Меѓународен фудбал Фудбал

Фудбалер нападнат во тунел, натпреварот во Холандија прекинат! (ФОТО)

Натпреварот меѓу Ајселмервогелс и ГВВВ во рамките на петтото коло од второто ниво на холандскиот фудбал беше прекинат по сериозен инцидент во кој беше нападнат домашниот фудбалер Киермо Думај. Според информациите на „De Gelderlander“, инцидентот се случил во тунелот под трибините по завршувањето на првото полувреме. Думај бил удрен во лицето, при што три негови заби биле поместени наназад.

По нападот, фудбалерите на Ајселмервогелс одбиле да се вратат на теренот и да го продолжат натпреварот. Во моментот кога средбата била прекината, ГВВВ имаше предност од 2:0. Думај тврди дека напаѓач бил помошник-тренерот на ГВВВ, Јон ван Бекеринг. Фудбалерот веднаш побарал лекарска помош во болница, а случајот го пријавил и во полиција.

Инцидентот добива дополнителна тежина поради фактот што Думај до летово беше член на ГВВВ. Тој во клубот настапуваше од 2022 година, пред да направи трансфер во Ајселмервогелс во текот на летниот преоден рок.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.