Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Фудбал и наука: Англија со ново „оружје“ тргнува по мундијалското злато!

Англиската фудбалска репрезентација не препушта ништо на случајот пред почетокот на Светското првенство. Со цел полесно да се справат со пеколните температури и големата влажност во САД, фудбалерите на „Гордиот албион“ ќе користат специјални уреди за ладење на дланките.

Прогнозите велат дека дури една третина од натпреварите на Мундијалот ќе се играат на температури над 26 степени. Дека времето ќе биде сериозен предизвик, Англичаните почувствуваа уште на првиот тренинг во Флорида, каде ги дочекаа високи 32 степени.

Оваа технологија веќе ја користат големи клубови како Манчестер Јунајтед. Уредите функционираат така што експресно ја спуштаат внатрешната температура на телото преку крвните садови во дланките. Науката докажува дека ваквото ладење помага за побрзо закрепнување од напорот и го намалува топлотниот стрес, а избраниците на Томас Тухел ќе ги користат апаратите за време на тренинзите и паузите на мечевите.

Искусниот Џордан Хендерсон истакна дека првата недела во Флорида е клучна за тимот физички да се прилагоди на тешките услови. Тој упати големи пофалби до медицинскиот тим, верувајќи дека токму овие напредни методи можат да им ја донесат клучната предност на теренот.

Пред да започне вистинскиот предизвик, Англија ќе одигра пријателски средби против Нов Зеланд и Костарика. Мундијалската авантура за Тухел и неговите момци официјално започнува на 17 јуни со големото дерби против Хрватска, по што следуваат дуелите со Гана (23 јуни) и Панама (27 јуни).

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.