Македонски фудбал Фудбал

(ФОТОГАЛЕРИЈА) Вардар води на полувреме против Шкендија со 2-0!

Фудбалскиот клуб Вардар води на полувреме во финалниот и последен натпревар за оваа натпреварувачка сезона 2025/26. Однапред веќе се е познато, Вардар е шампион, Шкендија ќе се задоволи само со втората позиција и загубен натпревар во финалето од Купот на Македонија.

Во една славеничка атмосфера, домаќините имаат предност од 2-0 на полувреме, откако по нафрлена топка од левата страна од Јанкулов, неумешно во својот петерец реагираше играчот со број 22 од тимот на Шкендија, Нуман Ајетовиќ, Вардар го отвори резултатот за 1-0.

Вториот гол беше дело на Закариќ во 36′ минута по среќната асистенција од Цветковиќ, кој испрати топка меѓу двајца одбранбени играчи на Шкендија.

Шкендија пак, во неколку наврати се обиде преку воиграни акции од корнер да поентира, а најсериозната прилика ја имаше Ване Крстевски во 45′ минута, откако не успеа да погоди во празната мрежа од голот на голманот на Вардар, Давор Талески.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.