Јужна Кореја по повеќе од 10 години, се враќа на календарот на Формула 1, од 2028 година. Предходно, од 2010 до 2013, Јужна Кореја беше домаќин на четири Гранд При трки во Јеонгам, но поради финансиски причини и недоволен интерес на локалната јавност, и покрај договорот кој траеше до 2016 година, се повлече од огранизацијата.
Намерата на Јужна Кореја е да се врати на мапата на Формула 1 уште во 2028 година, со Гранд При трка која ќе се вози на улиците на градот Инчеон. Промоторите тврдат дека овој пат планот ќе биде финансиски исплатлив и дека би можела да привлече околку 400.000 гледачи во текот на викендот.

