Формула 1 официјално потврди дека легендарната патека Сепанг во Малезија повторно ќе биде дел од шампионатот. На 4 октомври таму ќе се вози трката што ќе ја замени Големата награда на Бахреин, која беше откажана поради безбедносната ситуација на Блискиот Исток. Извршниот директор на Формула 1, Стефано Доменикали, истакна дека враќањето на Сепанг е одлична вест за љубителите на спортот, нагласувајќи дека оваа патека има посебно место во историјата на шампионатот и секогаш нуди возбудливи трки.
Со вклучувањето на малезиската патека, календарот повторно ќе брои 23 трки. Сепанг последен пат беше домаќин на трка во Формула 1 во 2017 година, а годинава ќе се најде меѓу трките во Азербејџан и Сингапур. Во меѓувреме, неизвесно останува дали до крајот на сезоната ќе се возат трките во Катар и Абу Даби, а според дел од медиумите, како можна алтернатива се разгледува и италијанската Имола.

