Други спортови Останато

Формула 1 и ЛЕГО повторно здружени – пилотите ќе возат уникатни автомобили! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Навивачите на Формула 1 на „Силверстоун“ ќе имаат можност да проследат необичен спектакл пред стартот на Големата награда на Велика Британија. Наместо во своите стандардни болиди, сите 20 возачи ќе направат почесен круг во специјално изработени електрични автомобили составени од LEGO коцки.

Проектот е резултат на соработката меѓу Формула 1 и компанијата LEGO, која и претходно организираше слични атракции за љубителите на овој спорт. Секој автомобил е изработен од повеќе од 28.000 LEGO елементи, тежи околу 280 килограми и може да развие брзина до 25 километри на час.

Возилата се украсени во боите на сите Ф1 тимови и ги носат стартните броеви на возачите, а за нивната изработка биле потребни повеќе од 6.400 работни часа. На проектот работел тим од 20 дизајнери, инженери и LEGO експерти во фабриката на компанијата во чешкиот град Кладно.

Со оваа атрактивна парада организаторите сакаат уште еднаш да им приредат незаборавно искуство на гледачите пред почетокот на една од најпрестижните трки во календарот на Формула 1.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.