Формула 1 и ФИА официјално го обелоденија календарот за сезоната 2027 година, кој откако ја доби потврдата од Светскиот совет за авто-мото спорт, носи вистинска адреналинска револуција. На распоредот се вкупно 24 трки, а главната промена е драстичното проширување на спринт-форматот, наместо досегашните шест, навивачите ќе гледаат дури десет спринт-викенди.
Загревањето за новата сезона ќе започне со предсезонските тестирања во Бахреин од 24 до 27 февруари 2027 година. Самиот шампионат официјално стартува на 14 март со Трката за Големата награда на Бахреин, а завесата на сезоната ќе биде спуштена на 12 декември во Абу Даби. Премиерно, спринт-трки ќе се возат на култните патеки во Бахреин, Австралија, Јапонија, Монако и Абу Даби, кои им се приклучуваат на веќе познатите спринт-дестинации во Канада, Велика Британија, Италија, Бразил и Катар.
Покрај зголемената динамика во викенд-форматот, распоредот номинира и враќање на две големи тркачки дестинации, Португалија и Турција. Првиот човек на Формула 1, Стефано Доменикали, не го криеше задоволството од новиот распоред:
„Календарот за 2027 година спојува некои од најзначајните патеки и највозбудливите градови во светот, создавајќи фантастична сцена за уште една незаборавна сезона. Возбудени сме што им посакуваме добредојде на Португалија и Турција во шампионатот и што го прошируваме спринт-форматот на десет тркачки викенди, нудејќи им на нашите навивачи уште повеќе драма, возбуда и акција на патеката.“
24 Races. 10 Sprints. 🏁
The 2027 F1 calendar is here! 🤩#F1 pic.twitter.com/GSlCRrpcVb
— Formula 1 (@F1) September 16, 2026
Introducing the 2027 F1 calendar! 🗓️#F1 pic.twitter.com/3xNXUA16IE
— Formula 1 (@F1) September 16, 2026

