Меѓународен фудбал Фудбал

Фоден по хет-трикот со АЕК: Се враќам, но има уште долг пат пред мене!

Англискиот репрезентативец Фил Фоден е свесен дека му претстои уште многу труд за да ја достигне својата препознатлива врвна форма, и покрај брилијантниот хет-трик во убедливата победа на Манчестер Сити од 5:1 против АЕК Атина во Лигата на шампионите. Овие погодоци, надоврзани на голот против Ипсвич изминатиот викенд, беа негови први реализации по паузата од декември.

„Очигледно сум задоволен што почнав да постигнувам голови, тоа е одлично за самодовербата. Имам уште долг пат пред мене, но се движам во правилна насока. Едноставно сакам да продолжам напорно да работам и да го давам максимумот за менаџерот и тимот“, изјави офанзивецот на „граѓаните“.

Фоден посебно ја пофали реакцијата на целата екипа, нагласувајќи дека триумфот бил од исклучителна важност за враќање на победничкиот колосек по неодамнешниот европски пораз од Пари Сен Жермен.

„Разговаравме дека мора брзо да се издигнеме по мечот со ПСЖ, бидејќи такви порази можат лесно да те внесат во проблеми. Мора да собираме бодови и токму тоа го направивме. Момците беа фантастични. Имаше моменти кога АЕК притискаше, особено на почетокот на второто полувреме, но ние навреме ја вративме контролата. Како што одминуваше натпреварот бевме сè подобри и нашиот талент исплива на површина“, заклучи Фоден.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.