Најдобрата ММА организација во нашиот регион, ФНЦ официјално доаѓа во Скопје. Ова официјално го потврди и Дражен Форгач, првиот човек на ФНЦ. ФНЦ 35 ќе се одржи во Скопје, во арената Борис Трајковски, на 24 октомври 2026 година.
Настанот привлекува големо влијание, а според најавите, на овој спектакл ќе има врвни борби. Овој настан ќе биде организиран во соработка со Македонската ММА федерација.
Се очекуваат подетални информации за тоа кои се борци ќе настапат пред македонската публика.

