Боречки спортови Други спортови

ФНЦ 28: Марко Бојковиќ со брутална победа против украинецот Вулчин на крајот на спектаклот во Хрватска

Во Славонски Брод се одржа ФНЦ 28, а на програмата имаше дури 11 борби. Највозбудлива и најисчекувана беше главната борба на вечерта, во која српскиот борец Марко Бојковиќ, со технички нокаут во третата рунда, славеше победа над украинецот Иван Вулчин.

Оваа победа доаѓа после тежок период за младиот Бојковиќ, во кој врза два порази од Милош Јаничиќ и Донован Десмае. Марко е еден од најголемите таленти во нашиот регион.

Уште еден млад и надежен борец забележа победа. Фран Лука Џуриќ во можеби и најнеизвесната борба на вечерта, дојде до победа против многу поискусниот Бондо Кикадзе.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести