Меѓународен фудбал Фудбал

Флорентино Перес: Сè што кажува Рикелме е чиста лага!

Флорентино Перес жестоко одговори на тврдењата на неговиот противкандидат Енрике Рикелме во трката за претседател на Реал Мадрид. Искусниот 79-годишен лидер целосно ги отфрли ветувањата на бизнисменот за купување на Ерлинг Халанд и Родри. Поради овие лажни наводи, Манчестер Сити веќе најави можна тужба против Рикелме.

Перес истакна дека тој веќе повлекува реални потези и најави нови големи имиња во тимот уште пред крајот на неделава. Тој изрази сериозен скептицизам за најавата дека Раул Гонзалес ќе биде нов спортски директор. Првиот човек на „кралевите“ откри дека фудбалските агенти веќе го предупредиле за несериозните преговарачки методи на неговиот ривал.

Претседателот целосно ги демантираше и обвинувањата за наводни финансиски долгови на клубот. Тој објасни дека кредитот за реновирање на „Сантијаго Бернабеу“ има ниска камата под три проценти и стадионот сам се отплаќа од сопствените приходи. На крајот, Перес упати директна провокација и откри дека фирмата на Рикелме зема кредити со нереална каматна стапка од 54 проценти за да опстане.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.