Македонски фудбал Фудбал

Флорент Рамадани повторно во дресот на Шкендија

Шкендија продолжува со засилувањето на составот за новата сезона, а најново име во тимот е добро познатиот Флорент Рамадани. Тетовскиот клуб официјално го потврди неговото враќање, откако фудбалерот го заврши ангажманот во косовска Дрита. Дваесет и петгодишниот играч од средниот ред повторно ќе го облече дресот на клубот во кој ги направи првите фудбалски чекори. Рамадани се враќа како слободен агент, само шест месеци по заминувањето во Косово, каде што настапуваше во пролетниот дел од сезоната.

Покрај Шкендија и Дрита, во својата кариера има настапувано и за Дрита од Боговиње, а зад себе има и настапи за младинските репрезентации на Македонија. Со доаѓањето на новиот тренер Артим Положани, Шкендија активно го комплетира ростерот за претстојната сезона. Пред Рамадани, клубот веќе ги претстави Алмир Криезиу, Стенио Жуниор, Бојан Димоски и Рафаел де Фреитас Силва како нови засилувања, со што јасно ги покажува амбициите за успешна сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.