Меѓународен фудбал Фудбал

Флик му ја одзеде капитенската лента на Де Јонг, Рафиња за нов водач на Барселона

Френки де Јонг повеќе нема да биде капитен на Барселона, откако тренерот Ханси Флик реши целосно да ја промени хиерархијата во соблекувалната пред почетокот на новата сезона. Нов прв капитен на каталонскиот гигант е Рафиња, додека негови заменици ќе бидат Ерик Гарсија и Педри.

Со овој потег Флик ја прекрши долгогодишната традиција на Барселона според која капитенската лента автоматски му припаѓа на фудбалерот со најдолг стаж во клубот. Шпанските медиуми откриваат дека германскиот стратег посебно му замерил на Холанѓанецот за начинот на кој управуваше со повредата на коленото, Де Јонг одби операција за конзервативен третман, а потоа реши и да настапи за репрезентацијата и покрај проблеми со здравјето. Иако самиот играч неодамна демантираше дека има нарушен однос со тренерот, оваа одлука јасно ја покажа цврстата рака на Флик.

Губењето на лентата сепак не значи дека холандскиот репрезентативец е отпишан, но неговата позиција ќе биде на сериозен тест. Борбата за место во средниот ред стана уште пожестока ова лето, посебно по доаѓањето на Родри, па Де Јонг ќе мора преку максимална подготвеност повторно да се избори за својот статус во тимот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.