Македонскиот шампион Вардар е подготвен за реваншот против Рига во второто квалификациско коло од Конференциската лига, натпревар на кој ќе се обиде да ја анулира негативата од 3-2 по првиот дуел во Скопје. Избраниците на Кристијан Фабијани го одработија официјалниот тренинг на стадионот „Сконто“, каде што утре ќе се одигра решавачката пресметка. „Црвено-црните“ имаа можност да се адаптираат на условите и да ги финализираат подготовките пред важниот европски предизвик.
И покрај минималната негатива, во таборот на Вардар владее оптимизам дека тимот има квалитет да избори позитивен резултат и да го продолжи настапот на европската сцена. Реваншот меѓу Рига и Вардар е закажан за утре со почеток од 19:00 часот, а македонскиот шампион ќе се обиде со добра игра и позитивен резултат да обезбеди место во следната квалификациска рунда од Конференциската лига.






