Фудбалскиот клуб Вардар го претрпе вториот пораз во низа во ПМФЛ и ја продлабочи својата резултатска, но по се изгледа и организациска криза, откако денеска загуби со 1-0 на гостувањето кај Струга ТЛ. Вардар тотално индиспониран, непрепознатлив и без идеја. Нешто што можеби навикнавме да гледаме од почетокот на првенството. Струга ТЛ стигна до водство преку Малески во 61′ минута, кога со силен удар го совлада Талески и донесе водство за домаќините.
Гостите во самиот финиш тргнаа по израмнување, се обидуваа да напаѓаат и да создадат одреден притисок, но сето тоа беше безуспешно, а Струга одолеа на нападите на црвено-црните.
Најголемата „поклон” шанса дојде во самиот финиш, поточно во 96′ минута, кога Вардар доби пенал по игра со рака во шеснаесетникот, но Давид Бабунски не погоди од белата точка и шутираше високо над голот. Така, Вардар по поразот од Шкендија остана без бодови и на гостувањето во Струга, продолжувајќи ја црната серија.

