Вардар продолжува со креирањето на тимот за новата сезона, а дел од младите фудбалери ќе добијат можност за поголема минутажа преку позајмици во други клубови.
Еден од нив е Мануел Куестас, кој неодамна ја продолжи соработката со „црвено-црните“ со нов четиригодишен договор. Наместо да остане во Скопје, тој сезоната 2026/27 ќе ја помине во редовите на црногорскиот прволигаш Језеро Плав, каде ќе има можност за редовни настапи. За Куестас ова ќе биде втора последователна позајмица, откако минатата сезона настапуваше за Брера пред зимоска да се врати во Вардар.
Привремено клубот ќе го напушти и младиот голман Или Зибери. Тој ќе го носи дресот на Тетекс во Втората македонска лига, каде се очекува да стекне драгоцено искуство и континуитет меѓу стативите.
Во меѓувреме, Вардар работи и на решение за офанзивецот Ибрахим Оласебикан. За неговите услуги интерес покажуваат Скопје и Арсими, а доколку биде постигнат договор, и тој следната сезона ќе настапува како позајмен играч со цел да добие поголема улога и повеќе минути на теренот.

