Македонски фудбал Фудбал

ФК Работнички ќе спасува „жива глава” во втората лига, објавени новите играчи

ФК Работнички во пресрет на новата сезона 2026/27 го засили својот играчки кадар со десет нови фудбалери.

Како што соопшти клубот, во новата сезона дресот на Работнички ќе го носат Дамјан Спасовски, Андреј Кудијан, Христијан Пецов, Виктор Серафимовски, Христијан Митровски, Христијан Поп-Антоски, Давид Манасиевски, Александар Богданоски, Амар Хаџибулиќ и Мартин Мисердовски, кој не е дел од објавената фотографија.

Сепак, трансферниот список на „романтичарите“ сè уште не е затворен. Раководството на клубот остава можност за дополнителен ангажман на уште еден фудбалер пред почетокот на сезоната.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.