Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

ФК Црвена Звезда го награди Гаштаров со нов долгорочен договор!

Младиот македонски фудбалер Матеј Гаштаров ја продолжи соработката со Црвена Звезда, откако потпиша нов договор со белградскиот гигант кој ќе го задржи на „Маракана“ до 2029 година. Продолжувањето на договорот е награда за одличните настапи на 19-годишниот играч за врска во текот на летните подготовки, каде што успеа да го привлече вниманието на стручниот штаб. Гаштаров се истакна и со погодок на еден од контролните натпревари, со што дополнително ги зголеми шансите да добие минутажа во сениорскиот состав.

Во Црвена Звезда очигледно сериозно сметаат на македонскиот младински репрезентативец, кој со новиот договор доби уште една потврда дека клубот има долгорочни планови за неговиот развој.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.