Меѓународен фудбал Фудбал

Фиорентина и Аталанта ремизираа во Фиренца, „виолетовите“ испуштија победа (ВИДЕО)

Фудбалерите на Фиорентина и Аталанта одиграа возбудлив натпревар со четири погодоци, кој на крајот заврши без победник (2:2), во рамките на деветтото коло од италијанската Серија А. Домашниот состав имаше предност од 2:1 во завршницата, но гостите успеаја да се спасат од пораз и да освојат бод.

Аталанта прва зададе удар и тоа во самиот финиш на првото полувреме. Шарл де Кетеларе во 41. минута ја затресе мрежата на домаќините и им донесе предност на гостите пред заминувањето на пауза. Сепак, Фиорентина одлично го отвори вториот дел и експресно стигна до израмнување. Алиу Њије во 49. минута го постигна голот за 1:1, а само дванаесет минути подоцна Жоао Марио се погрижи за целосен пресврт и голема радост на домашните навивачи.

Кога се чинеше дека „виолетовите“ се на добар пат да стигнат до третата сезонска победа, Аталанта повторно се врати во натпреварот. Никола Залевски во 74. минута ја искористи својата шанса и го постави конечниот резултат 2:2. До последниот судиски свиреж немаше нови погодоци, па двата тима мораа да се задоволат со по еден бод.

Овој резултат не е од голема корист за Фиорентина, која продолжува со лошите настапи на стартот од сезоната. Тимот од Фиренца по девет одиграни кола има само пет бода и се наоѓа на 18. позиција, во зоната за испаѓање. Аталанта, пак, со 11 освоени бодови се наоѓа на 12. место на табелата.

 

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.