Фудбалерите на Вардар и Купс одиграа отворено полувреме на двете страни, а токму гостите од Финска успеаја да погодат во голот на Вардарци. Гостите уште на почетокот наметнаа свое темпо, напаѓаа кон голот на Талески, каде веќе во воведните 10′ минути се обидоа преку два брзи корнери, но црвено-црните успешно се одбранија.
Имаше и Вардар полу-шанси за да постигне гол, но тимот на Фабијани не успеа во намерата. Голот за Купс го постигна играчот со број 29 Пуко, пред самиот финиш на полувремето во 45′ минута.






