Македонски ракомет Ракомет

Финансиските проблеми го откажаа Пролет, Струга повторно суперлигаш

Македонската ракометна Суперлига ќе има промена во составот на екипите непосредно пред стартот на новата сезона. Финансиските проблеми повторно влијаеја врз изгледот на елитното натпреварување, па едно место остана испразнето, но брзо беше пополнето.

Наместо Пролет, кој донесе одлука да се повлече од Суперлигата поради финансиски причини, во елитното друштво повторно ќе настапува Струга. Така, стружани добиваат нова можност да се натпреваруваат со најдобрите македонски клубови, иако минатата сезона го загубија суперлигашкиот статус на теренот. Пролет официјално се откажа од учеството во новата сезона, по што беше активирана можноста испразнетото место да му припадне на Струга.

Во меѓувреме, струшкиот клуб доби ново раководство и започна со организациска стабилизација, што беше еден од клучните предуслови за повторно да стане дел од Суперлигата. Се очекува оваа промена официјално да биде потврдена на Конференцијата на клубовите, каде што во понеделник ќе бидат усвоени пропозициите за новата натпреварувачка сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.