Кошарка Меѓународна кошарка

Филаделфија во Плеј-оф, Кари ги елиминираше Клиперси

Екипата на Филаделфија по победата над Орландо Меџик со 109:97 избори пласман во Плеј-оф фазата. Иако недостасуваше првата ѕвезда на тимот Ембид, Филаделфија на домашен терен дојде до победата и закажа дуел со Бостон во следната фаза.

Тајрис Макси беше предводник на домашната екипра со 31 поен, а кај Орландо најдобар на теренот беше Дезмонд Бејн со 34 поени.

Орландо ќе имаат уште една шанса да се пласираат во Плеј-оф фазата, но на патот им стои екипата на Шарлот.

Голден Стејт предводен од Стеф Кари ја елиминираше екипата на ЛА Клиперс, славејќи на гостувањето во Лос Анџелес со 126:121. Кога беше најпотребно на сцена стапи неверојатниот Стеф Кари, кој во клучните моменти погодуваше за три поени.

Кари натпреварот го заврши со 35 поени, а во домашната екипа Матурин беше најпрецизен со 23 поени.

За пласман во Плеј-оф, екипата на Голден Стејт ќе оди на мегдан со Феникс, а победникот од тој дуел, во Плеј-оф фазата ќе вкрсти со актуелниот шампион и прв фаворит за овогодинешната НБА титула, екипата на Оклахома Сити.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести