Филаделфија ни го приреди најпријатното изненадување во Плеј-оф фазата на НБА лигата, шокирајќи го Бостон, кој водеше во серијата со 3-1, со неверојатен пресврт и во седмиот натпревар, на гостинкси терен, славеше победа со 100:109 и дојде до третата едно по друго победа, за вкупни 4-3 во серијата.
Одлично го почнаа гостите решавачкиот натпревар и првата четвртина ја добија со 32-19. Бостон успеа да се врати во игра и да поведе, но сепак на полувремето Филаделфија замина со предност од 55:50. Во вториот дел гостите продолжија во одличен ритам, дојдоа и до 18 поени предност, а „Сектикси“ во два наврати се вратија на минус еден, но немаа сила за целосен пресврт.
Во победничкиот тим Ембид беше одличен со 34 поени и 12 скокови, а го следеше Макси со 30 поени и 11 скокови. Кај домаќинот Браун постигна 33 поени со 9 скокови, а втор стрелец беше Вајт со 26 поени.
Во полуфиналната фаза Филаделфија ја очекува дуел со Њу Јорк.

