Меѓународен фудбал Фудбал

Фил Фоден останува во Сити до 2030 година!

Приказната за момчето кое од клупската академија израсна во заштитно лице на Манчестер Сити доби ново, големо поглавје. Фил Фоден ја продолжи соработката со гигантот од „Етихад“, обврзувајќи се на верност кон сино-белиот дрес најмалку до 2030 година. Со овој потег, 26-годишниот офанзивец потврди дека најдобрите години од својата кариера ќе ги мине токму во матичната средина.

Фоден влезе во клупскиот систем уште како осумгодишно дете, а неговиот пат до првиот тим прерасна во една од најубавите фудбалски приказни на Островот. Досега има одиграно 369 натпревари со ефект од 110 голови и 68 асистенции, освојувајќи дури 19 трофеи, меѓу кои шест шампионски титули во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите.

За англискиот репрезентативец останувањето во Манчестер никогаш не било под знак прашалник. При потпишувањето тој истакна дека секој ден во клубот за него е остварување на детскиот сон и дека Сити е совршено место за продолжување на кариерата. Иако неочекувано го пропушти неодамна завршениот Мундијал, новиот долгорочен договор е јасна потврда дека клупското раководство и понатаму ја гради иднината околу својот најголем домашен бисер.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.