Меѓународен фудбал Фудбал

Фикајо Томори останува на „Сан Сиро“, Аморим го врати во тимот

Завршницата на летниот преоден рок донесе неочекуван епилог во редовите на Милан кога е во прашање статусот на Фикајо Томори. Иако новиот менаџер Рубен Аморим уште на самиот почеток од својот мандат го отпиша англискиот дефанзивец, го стави на трансфер-листа и го изолираше од тренинзите со екипата, Томори на крајот сепак излезе како победник.

За време на целиот летен период, англискиот дефанзивец не покажуваше никаква желба за заминување од Милано. Тој одби неколку понуди, ги блокираше потенцијалните трансфери и реши да остане на „Сан Сиро“, по што следеше целосен пресврт во релацијата со тренерот.

Португалскиот стручњак реши да ја промени одлуката и да го врати Томори во првиот тим, каде што тој веќе тренира со соиграчите и официјално влегува во комбинација за претстојните натпревари.

За оваа одлука клучна беше и ситуацијата во одбраната на „росонерите“. Откако Милан не успеа да доведе нов централен дефанзивец во последен момент, а Матео Габија сè уште се опоравува од повреда, Аморим сфати дека не може да ја изнесе сезоната само со Страхиња Павловиќ, Маро Хил, Кони де Винтер и Филипо Терачано. Со тоа, прагматичноста преовлада, а Томори доби нова можност за докажување во црвено-црниот дрес.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.