Елиминацијата на Уругвај уште во групната фаза на Светското првенство донесе сериозни последици, а првиот потег на Фудбалската федерација предизвика големо внимание. Според информациите од уругвајските медиуми, федерацијата го откажала чартер-летот за враќање во Монтевидео, што значи дека секој репрезентативец ќе мора самостојно да организира патување кон својата следна дестинација.
Одлуката доаѓа по разочарувачкиот настап на „селесте“, која беше елиминирана по поразот од Шпанија и не успеа да ја мине групната фаза. Покрај незадоволството од резултатите, во Уругвај се очекуваат и големи промени. Договорот на селекторот Марсело Биелса истече со завршувањето на Мундијалот, па речиси сигурно репрезентацијата ќе добие нов предводник пред следните предизвици.

