Меѓународен фудбал Фудбал

Фиго прогнозираше спектакл за „Ел Класико“ и реми

Легендарниот португалски фудбалер кој го носи печатот на еден од најконтроверзните трансфери во историјата меѓу Барселона и Реал Мадрид, Луиш Фиго, ја сподели својата прогноза за претстојното „Ел Класико“. Според Португалецот, неделниот судир ќе донесе тотален офанзивен спектакл и реми без победник од 2:2.

Фиго отиде чекор понатаму, па директно ги посочи и имињата на фудбалерите кои ќе ги затресат мрежите, Рафиња и Ламин Јамал за каталонскиот гигант, односно Џуд Белингам и Килијан Мбапе за мадриѓаните.

Во изјава за шпанскиот весник „АС“, поранешниот освојувач на „Златната топка“ ја анализираше и тактичката поставеност што ќе го дефинира мечот.

„Прогнозирам 2:2, со голови на Рафиња и Ламин, односно Белингам и Мбапе. Барселона е исклучително офанзивна екипа која секогаш постигнува голови. Меѓутоа, бидејќи Каталонците играат со висок пресинг, Реал Мадрид дефинитивно ќе има свои шанси од контранапади. Мбапе е фудбалер кој функционира совршено кога пред себе има отворен простор, а Белингам маестрално знае да влегува од втор план“, изјави Фиго.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.