Светот е на само два дена до почетокот на новото Светско првенство во Северна Америка. Додека со нетрпение го чекаме првиот судиски свиреж, ФИФА подготви одличен начин за кратење на времето на својот официјален Јутуб канал. Светската куќа на фудбалот започна да емитува цели легендарни натпревари од минатите мундијали. Ова е совршена прилика за сите страсни фанови да се потсетат на најголемите историски моменти.
Ние издвоивме три култни финалиња кои едноставно мора да ги изгледате повторно. Првото е она од 1998 година меѓу Франција и Бразил, кога незапирливиот Зинедин Зидан ги предводеше „триколорите“ до нивната прва светска титула.
Покрај ова, вреди да се издвои и драматичната пресметка од 2014 година меѓу Германија и Аргентина. Овој неизвесен меч беше решен со култниот погодок на Марио Геце во продолженијата за големо германско славје.
Најголемото возбудување на каналот на ФИФА следува денес, поточно околу 19:00 часот. Во живо ќе се емитува спектакуларното последно финале од Катар 2022 година меѓу Аргентина и Франција. Тоа беше веројатно најдобриот натпревар во историјата, каде Лионел Меси конечно ја подигна златната божица во висините.
Покрај овие три пресметки, ФИФА секојдневно објавува уште десетици други легендарни мундијалски натпревари кои вреди да се погледнат повторно.

