Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

ФИФА отвори истрага против Аргентина: Паредес, Молина и Ајала под лупа за скандалозните инциденти!

ФИФА покрена дисциплинска постапка против повеќе членови на аргентинската репрезентација поради серија сериозни инциденти по завршувањето на финалниот натпревар од Светското првенство. Според информациите на „Скај Спорт“, дисциплинската комисија веќе ги анализира извештаите на службените лица и видео-снимките од стадионот во Њујорк пред да донесе одлука за можните санкции. Во центарот на истрагата е Леандро Паредес поради физичка пресметка со шпанските фудбалери, Науел Молина кој го удрил Родри со тупаница по завршувањето на мечот, како и помошниот тренер Роберто Ајала кој го турнал Дани Олмо.

Покрај физичките судири на теренот, ФИФА дополнително го испитува и недоличното однесување на аргентинската делегација за време на официјалната церемонија. Дел од репрезентативците демонстративно им свртија грб на противниците додека фудбалерите на Луис де ла Фуенте го креваа шампионскиот трофеј. Дисциплинците на ФИФА имаат полни раце работа, а конечниот епилог и евентуалните суспензии за аргентинските репрезентативци се очекуваат во текот на следните неколку недели.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.