Аргентинската репрезентација би можела да се најде под истрага на ФИФА само неколку дена пред финалето на Светското првенство 2026. Причина за можната дисциплинска постапка е начинот на кој дел од фудбалерите го прославија триумфот над Англија во полуфиналето.
По натпреварот, неколку аргентински репрезентативци на теренот истакнаа знаме со натпис „Лас Малвинас се аргентински“, алудирајќи на Фокландските Острови, тема која и натаму е предмет на политички спор меѓу Аргентина и Велика Британија.Според светските медиуми, британските власти побарале ФИФА да го разгледа случајот, а светската куќа на фудбалот се очекува наскоро да се произнесе дали ќе отвори дисциплинска постапка. Доколку тоа се случи, можно е неколку аргентински репрезентативци да се соочат со санкции по завршувањето на Мундијалот.
Во одбрана на тимот застана Леандро Паредес, кој истакна дека пораката била посветена на аргентинскиот народ и претставува дел од историјата на земјата, а не провокација кон противникот.

