ФИФА направи неочекуван избор пред првото полуфинале на Светското првенство, откако одлучи големиот дуел меѓу Франција и Шпанија да му го довери на судија од Ел Салвадор. Главен арбитар на пресметката во Далас ќе биде Иван Бартон, одлука која изненади многумина, бидејќи се очекуваше натпревар од ваков ранг да го води некое од најпознатите европски судиски имиња.
Бартон веќе има искуство на Мундијалот во 2026 година, каде што судеше три натпревари, во групната фаза на дуелите Турција – Парагвај и Јапонија – Шведска, како и во осминафиналето меѓу Швајцарија и Колумбија. Сепак, полуфиналето меѓу актуелните европски шампиони и моќната Франција ќе биде најголемиот предизвик во неговата кариера. Во работата ќе му помагаат неговиот сонародник Давид Моран и Антонио Пупиро од Никарагва. За четврти судија е назначен Швеѓанецот Глен Ниберг, додека неговиот сонародник Махбод Беиги ќе биде резервен помошник арбитар.
Франција и Шпанија ќе се борат за место во големото финале, а oстанува да се види дали изборот на ФИФА ќе се покаже како вистински погодок или ќе донесе нови полемики по натпреварот.

