Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

ФИФА „измисли“ дополнителни билети за мундијалското финале: Цените се вистинско лудило

Иако долго се тврдеше дека билетите за финалниот натпревар на Светското првенство во САД, Канада и Мексико се одамна распродадени, ФИФА изненадувачки пушти во продажба уште 1.178 влезници за клучниот настан на 23. Мундијал. Овие билети се појавија на официјалната платформа на ФИФА, но сите заинтересирани фанови ќе мора да издвојат вистинско богатство доколку сакаат да го гледаат мечевите за титулата кој ќе се одигра следниот викенд, на 19 јули.

На официјалната страница моментално се достапни билети од втората категорија по солена цена од 7.380 американски долари по парче. Станува збор за места распоредени во пет сектори на горниот прстен на стадионот „Њујорк/Њу Џерси“, веднаш долж аут-линијата. Покрај нив, ФИФА понуди и ограничен број од само 68 ексклузивни билети од прва категорија лоцирани во долниот дел од трибините, чија вредност се движи на уште побаснословни 19.995 до 32.970 долари.

Како што може да се очекува, на црниот пазар цените одат до уште поголеми крајности, каде што најскапите понуди достигнуваат нереални 11 милиони долари. Додека навивачите во паника ги разграбуваат овие ретки преостанати влезници, сè уште се чека комплетирањето на патниците за големото финале. Најблиску до таа цел во моментов се репрезентациите на Франција и Шпанија, кои веќе го осигураа своето место во полуфиналето, додека вториот полуфинален пар ќе биде одреден вечерва по завршувањето на преостанатите четвртфинални пресметки меѓу Англија – Норвешка и Аргентина – Швајцарија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.