Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

ФИФА го избра идеалниот тим на Мундијалот: Само тројца Шпанци во најдобрите 11!

По завршувањето на Светското првенство во САД, Канада и Мексико, ФИФА го објави идеалниот тим на шампионатот. Интересно е што новиот светски првак Шпанија има само тројца претставници во избраното друштво, исто колку и вицешампионот Аргентина.

На голманската позиција се најде парагвајскиот чувар на мрежата Орландо Хил, додека одбранбената четирка ја сочинуваат Шпанците Марк Кукуреља и Педро Поро, Аргентинецот Лисандро Мартинез и францускиот дефанзивец Дајо Упамекано.

Средината на теренот е резервирана за Шпанецот Родри, Аргентинецот Енцо Фернандез и Англичанецот Џуд Белингем. Во напаѓачкото трио се сместени најдобриот стрелец Килијан Мбапе од Франција, норвешкиот голгетер Ерлинг Халанд и капитенот на Аргентина, Лионел Меси.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.