Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

ФИФА ги менува правилата за Мундијалот 2026!

Светското првенство во Северна Америка ќе донесе историски промени, а ФИФА планира нов систем за бришење на жолтите картони за да ги заштити најголемите ѕвезди од суспензии. Поради проширениот формат со 48 репрезентации и воведувањето на дополнителна елиминациска рунда, ризикот играчите да ги пропуштат клучните мечеви е драстично зголемен. Наместо како досега картоните да се чистат дури по четвртфиналето, Советот на ФИФА на состанокот во Ванкувер разгледува опција тоа да се прави веднаш по завршувањето на групната фаза. Оваа одлука доаѓа како одговор на подолгиот пат до финалето, кој сега бара играчите да поминат низ повеќе предизвици без да наталожат јавни опомени.

Според новиот предлог, ќе се воведат неколку „прозорци“ за ресетирање на картоните, со што би се избегнало сценариото клучни фудбалери да бидат казнети поради две случајни грешки во раната фаза. Светската куќа на фудбалот сака по секоја цена да го зачува квалитетот на спектаклот, овозможувајќи им на најдобрите тимови да настапат во полн состав во завршницата на турнирот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести