Кошарка Македонска кошарка Репрезентација на Македонија

ФИБА го издвои Ненад Димитријевиќ меѓу осумте кошаркари за следење во претквалификациите

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ се најде во фокусот на Светската кошаркарска федерација ФИБА, која го посочи меѓу осумте кошаркари од кои се очекува да остават најсилен впечаток на стартот од втората рунда претквалификации за Евробаскет 2029. Повратникот во сениорскиот национален тим ќе биде еден од клучните адути на Македонија, која во групата Ф со Австрија и Кипар влегува со максимален ефект од 6-0 остварен во првата фаза.

Во официјалниот преглед, ФИБА потсетува на неговото извонредно издание против Литванија во квалификациите за Евробаскет 2025 кога постигна 43 поени со седум погодени тројки, како и на неговиот просек од 26,2 поени по натпревар во тој циклус. Неговата способност да диктира темпо и да преземе одговорност во нападот ќе биде од решавачко значење за тактичките замисли на селекторот Хозе Марија Берокал.

Дополнителна сила во македонскиот табор носи и најавеното деби на центарот Мозес Рајт, со што репрезентацијата добива значително засилување во рекетот. Првиот предизвик за Димитријевиќ и колегите е дуелот против селекцијата на Австрија, кој ќе се одигра на 30 август во Виена со почеток од 16:05 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.