Македонски фудбал Фудбал

ФФМ му сврте грб на Инфантино: Повлечена поддршката за новиот мандат на чело на ФИФА!

Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино за претседател на ФИФА. Оваа одлука следува по состанокот на претседателите на сите членки на УЕФА со раководството на европската куќа на фудбалот. ФФМ и официјално испрати писмено известување за овој потег.

Од куќата на македонскиот фудбал соопштија дека повлекувањето е резултат на загриженоста околу начинот на кој се управува со ФИФА. Фокусот е ставен на институционалниот интегритет, транспарентноста и односите со сите национални федерации. ФФМ смета дека довербата и отчетноста мора да бидат главен темел на светскиот фудбал.

Како членка на УЕФА, македонската федерација останува цврсто посветена на заедницата и европските спортски принципи. ФФМ извести дека ќе делува сојузнички со сите федерации кои се залагаат за развој и заштита на играта.

„Остануваме посветени на соработката со меѓународните партнери за заштита и унапредување на сите фудбалски интереси“, порачаа од ФФМ.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.