Македонски фудбал Меѓународен фудбал Фудбал

ФФМ му кажа „не“ на Вардар – нема одложување на првенствениот натпревар!

Фудбалската федерација на Македонија не го прифати барањето на Вардар за одложување на натпреварот од првото коло во новата сезона од Првата македонска фудбалска лига. Со тоа, „црвено-црните“ ќе мора да го одиграат својот првенствен натпревар според однапред утврдениот распоред, и покрај обврските што ги имаат на европската сцена. Од Федерацијата истакнуваат дека календарот за сезоната 2026/27 е веќе официјално усвоен и дека поради густиот распоред нема простор за дополнителни измени.

Во соопштението се наведува дека новата сезона ќе се игра во формат од 36 кола, што бара строго почитување на распоредот. При неговото креирање биле земени предвид и настапите на македонските клубови во европските натпреварувања, со ритам четврток – недела – четврток, практика која е вообичаена и во многу европски првенства. Од ФФМ потсетуваат дека и минатата сезона не биле прифатени слични барања од клуб кој настапувал во натпреварувањата на УЕФА, со цел да се обезбеди еднаков третман за сите екипи.

Поради тоа, натпреварот на Вардар од првото коло ќе се одигра според календарот, на 26 јули.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.