Нашите најдобри фудбалери на 29. мај ќе ги одмерат силите со селекцијата на Босна и Херцеговина, во рамки на пријателскиот натпревар што ќе се одигра на стадионот „Асим Ферхатовиќ Хасе“.
За сите македонски фанови кои сакаат да патуваат и да дадат гласна поддршка, домаќините обезбедија посебни блокови на стадионот. Деталите за влезниците се следните:
Локација на трибините: Сектори ЈУГ Б4, ЈУГ Б3 и ЈУГ (стоење)
Цена на билет: 1000 денари
Како да купите: Влезниците се достапни за директна онлајн-продажба преку официјалната веб-платформа на Фудбалската федерација на Македонија: eticket.ffm.mk

