Авто-мото Други спортови

Ферстапен може да заработи до 460 милиони евра со новиот договор!

Макс Ферстапен би можел да заработи неверојатни 460 милиони евра во следните четири години според новиот договор со Ред Бул, пренесуваат информациите за неговиот нов финансиски пакет.

Холандскиот ас, според објавените податоци, ќе има загарантирана годишна плата од околу 92 милиони евра, со што станува најплатениот возач во Формула 1. Дополнителните бонуси поврзани со резултатите би можеле да ја зголемат неговата годишна заработка до околу 115 милиони евра.

Доколку Ферстапен ги исполни предвидените услови за бонусите, за четирите години од договорот неговата вкупна заработка би можела да достигне фантастични 460 милиони евра.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.