Авто-мото Други спортови

Фернандез го освои „Силверстоун“ и запиша голем триумф!

Раул Фернандез од Трекхаус ја освои Големата награда на Велика Британија во Мото ГП шампионатот, стигнувајќи до својата втора победа во кралската класа. Шпанецот одлично тргна и веќе по првиот круг имаше секунда предност пред ривалите. Оттогаш без проблем го контролираше темпото и на целта стигна со две и пол секунди предност пред Хорхе Мартин.

Хорхе Мартин имаше проблем на стартот со уредот за подигнување на моторот, но успеа брзо да се стабилизира и во продолжението го престигна Марко Бецеки за второто место. Бецеки, пак, приреди уште една херојска трка само четири недели откако ја скрши клучната коска. Италијанецот го задржа третото место пред Алекс Маркес и така комплетираше двоен подиум за Априлија. Во топ 10 завршија уште Педро Акоста, Фабио ди Џанантонио, Марк Маркес, Бред Биндер, Лука Марини и Диого Мореира. Трката ја завршија само 16 возачи, а меѓу оние кои не стигнаа до целта беа Аи Огура и Франческо Бањаја.

По трката, Хорхе Мартин останува лидер во генералниот пласман со 240 бодови, 31 повеќе од Бецеки, додека Огура е трет со 203. Следната трка во Мото ГП шампионатот е Големата награда на Арагон, која ќе се вози од 28 до 30 август.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.