Меѓународен фудбал Фудбал

Фернандеш го напушта Вест Хем: Реал Мадрид во трка со Јунајтед и Челси!

Иако Вест Хем доживеа вистинска катастрофа и се пресели во ранг подолу, Матеус Фернандеш успеа да ги воодушеви фудбалските гиганти. Младиот Португалец беше една од ретките светли точки во очајната сезона на лондонскиот тим во Премиер лигата. Поради ова, речиси е невозможно тој да остане дел од „чеканите“ и во Чемпионшип, иако за него Вест Хем првично одреди цена од 80 миниони.

Заминувањето на Фернандеш ќе биде болен удар за клубот, но неговиот квалитет ги надминува второлигашките стандарди. Англиските медиуми веќе подолго време пишуваат за сериозен интерес од Манчестер Јунајтед и Челси. Сепак, во трката сега сензационално се вклучува и шпанскиот гигант Реал Мадрид.

„Кралевите“ веќе подготвуваат терен за трансфер, а клучна улога во преговорите ќе одигра агентот Жорж Мендеш. Познато е дека тој има одлични релации со Мадрид и знае како да ги заврши ваквите големи зделки.

Фернандеш совршено се вклопува во модерниот фудбал како деструктивец кој има одлична визија и креативност во нападот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.