Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Феран Торес: Ме критикувавте, но Господ ги наградува оние што заслужуваат! (ВИДЕО)

Феран Торес го повтори подвигот на Андрес Иниеста од 2010 година. Со гол во 106-тата минута, тој ѝ ја донесе втората светска титула на Шпанија. По натпреварот, шпанскиот напаѓач не го криеше олеснувањето и емотивно проговори за сите притисоци низ кои минал.

„Мислам дека овој гол им припаѓа на сите 47 милиони луѓе во Шпанија, а не само мене. Судбината беше напишана и беше судено да победиме, а јас да го постигнам тој гол“, изјави Торес.

Шпанскиот херој се осврна и на жестоките критики кои му беа упатувани за време на Мундијалот.

„Чувствувам огромно олеснување. Бев жестоко критикуван во текот на целото Светско првенство. Сепак, Му благодарам на Господ кој секогаш ми дава сила да продолжам. Тој им ги дава работите на оние што најмногу ги заслужуваат“, заклучи Торес.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.