Манчестер Јунајтед оствари тешка, но исклучително драматична победа од 3:2 против Нотингем Форест во претпоследното коло од Премиер лигата. Домаќините поведоа уште во петтата минута преку Лук Шо, но гостите ефектно израмнија во второто полувреме со погодокот на Морато.
Само две минути подоцна Матеус Куња веднаш врати позитива за „црвените ѓаволи“ по уште една многу долга ВАР проверка. Во вистинскиот фудбалски трилер на теренот, Брајан Мбеумо во 76-тата минута ја зголеми предноста по мајсторско проигрување од својот капитен.
Токму со оваа прекрасна асистенција, португалскиот виртуоз Бруно Фернандеш официјално го изедначи големиот историски рекорд по бројот на успешни додавања. Гостите веднаш намалија преку Морган Гибс-Вајт, но Манчестер Јунајтед до крајот создаде уште неколку добри прилики да дојде до нов гол, а Бруно до нова рекордна асистенција, но на крајот резутатот остана ист.

