Други спортови Тенис

Феноменалната Лина ја „збриша“ Бронзети за историски пласман на Вимблдон!

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа ја испиша најубавата и најзначајната страница во историјата на македонскиот тенис, откако обезбеди пласман во главната ждрепка на најпрестижниот Грен слем турнир, Вимблдон. Нашата тенисерка во последното квалификациско коло одигра спектакуларен меч и на доминантен начин ја прегази фаворизираната Италијанка Луција Бронзети со максимални 2-0 во сетови (6-1, 6-2).

Ѓорческа покажа класа и супериорност од првиот до последниот поен, не дозволувајќи ѝ на противничката ниту во еден момент да го загрози нејзиниот ритам. Со овој голем триумф, Лина стана првиот македонски претставник во историјата кој успеал да се избори за место на главниот турнир на еден Грен слем, со што ја крена македонската спортска гордост на највисоко ниво. Лондон сега ќе ја гледа македонската хероина во битка со светскиот тениски крем!

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.