Кошарка Меѓународна кошарка

Феникс ќе биде без Марк Вилијамс најмалку пет месеци

Феникс Санс се соочија со сериозен хендикеп пред почетокот на новата сезона, откако нивниот прв центар Марк Вилијамс мораше да замине на операција на рскавицата на левото рамо. Поради хируршката интервенција по повредата за време на меѓусезонските тренинзи, 216 сантиметри високиот кошаркар ќе одсуствува од терените најмалку пет месеци.

За 24-годишниот центар ова е голем пех, особено по минатата сезона која беше најдобра во неговата четиригодишна НБА-кариера. По пристигнувањето во Феникс преку трејдот на драфтот во 2025 година, Вилијамс брзо се наметна како прва опција под кошевите, бележејќи просек од 11,7 поени, 8 скокови и под 1 блокада по меч на 60 одиграни натпревари, помагајќи му на тимот да стигне до плејофот.

Со оглед на неговото одсуство, шанса во стартната петорка најверојатно ќе добие младата надеж од Јужен Судан, Каман Малуач. 19-годишниот центар зад себе има скромна дебитантска сезона со мала минутажа, но во текот на Летната лига покажа за каков потенцијал станува збор, доминирајќи со просек од 19,5 поени, 12,8 скокови и 40% шут за три поени.

Малуач се очекува да ја дели минутажата со Осо Игодаро, но раководството на Феникс сигурно ќе му даде поголем простор на младиот Суданец за забрзан развој во периодот додека Вилијамс е надвор од стројот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.