Меѓународен фудбал Фудбал

Фенербахче ја засили одбраната со Нејтан Аке од Манчестер Сити!

Фенербахче го комплетираше трансферот на холандскиот репрезентативец Нејтан Аке, кој по неколку успешни сезони го напушта Манчестер Сити и се сели во турскиот гигант. По доаѓањето на Енцо Мареска на тренерската функција, англискиот шампион започна реконструкција на играчкиот кадар, а искусниот стопер е меѓу фудбалерите кои ова лето ќе ја продолжат кариерата во нова средина.

Клубот од Истанбул го идентификуваше Аке како едно од клучните засилувања во дефанзивната линија. Иако во почетокот се разгледуваше опција за едногодишна позајмица, преговорите завршија со договор за постојан трансфер. Според договорените услови, Фенербахче ќе исплати осум милиони евра веднаш, а сумата може да порасне до 10 милиони преку дополнителни бонуси поврзани со бројот на настапи и евентуалните успеси на холандскиот дефанзивец со турскиот клуб.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.