Меѓународен фудбал Фудбал

Фенербахче го потврди пласманот, Цеље со пресврт закажа дуел со Слован!

Фудбалерите на Фенербахче се пласираа во плејофот за Лигата на шампионите откако го совладаа Штурм Грац и во реваншот во Австрија. По победата од 2:0 во Истанбул, турскиот гигант славеше на гостувањето во Грац со 1:0. Единствениот гол на средбата го постигна Талиска од пенал во 66. минута, откако претходно самиот тој беше фаулиран во казнетиот простор. Во борбата за влез во елитата, Фенербахче ќе ги одмери силите со Олимпик Лион.

Словенечкиот шампион Цеље успеа да ја надополни негативата од првиот меч и со драматична завршница го елиминираше Арарат од Ерменија. По поразот од 2:1 во Ереван, Цеље на домашен терен славеше со 2:0 со два брзи гола во самиот финиш. Јаја Дукули ја начна мрежата на гостите во 83. минута, а само две минути подоцна Бенјамин Вербич стави точка на натпреварот и донесе пласман во следната фаза, каде што ги чека пресметка против Слован Братислава.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.