Феенорд испушти сигурна победа на домашен терен и одигра само 2:2 против Го Ахед Иглс на „Де Кајп“, иако имаше целосна контрола и водство од два гола. Тимот на Џовани ван Бронкхорст одлично го започна мечот и брзо стигна до убедливи 2:0 со првенецот на Зехиел и погодокот со глава на Ајасе Уеда по одличниот центаршут на Анис Хаџ Муса.
Сепак, казната за пропуштените шанси пристигна во второто полувреме, откако Уеда не реализираше за 3:0 на празен гол. Гостите го искористија падот во играта на Феенорд, па Ерик Флатакер во 60. минута со лоб-удар намали на 2:1, а резервистот Стефан Инги Сигундарсон донесе целосно израмнување. Во драматична завршница со повеќе погодени пречки на двете страни, резултатот остана непроменет, со што Феенорд ги загуби првите два бода во новата сезона.

